Водителката Елена Стојановска- Јанковска е добро познато ТВ лице во македонската јавност, бидејќи со години веќе им ги пренесува првите информации рано наутро на гледачите на утринската програма на ТВ Сител „Ја сакам Македонија“.
Таа е прекрасна и успешна водителка, сопруга и мајка, која многу не сака да изнесува детали од својот приватен живот, но од време на време знае да постави некоја интересна фотографија од семејниот живот и да ги изненади фановите со својата едноставност.
https://www.instagram.com/p/BqHCvEAnAzT/
Препознатлива е по својот младолик изглед, но Елена со својот сопруг Огнен во брак е веќе осум години, и заедно ја имаат седумгодишната ќерка Илина. Тие во месец октомври ја прославија годишнината од бракот, денот кога се ветија на вечна љубов.
https://www.instagram.com/p/BovgMPvnBYp/
Иако многу не сака да го истакнува својот приватен живот, Елена пред некој ден постави фотографија од својот сопруг на која го пофали дека е „убав како турски глумец“.
„Ахх, она кога маж ти е убав како турски глимец“ – му поласка Елена на сопругот, а потоа во коментари го спореди со Кемал- веројатно од турската серија „Карасевда“.
Па кој маж не би сакал вака да го фали сопругата?