Водителката Јана од ТВ 24 изненади со холивудски изглед (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Водителката од „ТВ 24“, Јана Серафимова, пред два дена во гламурозно издание се појави на отварањето на Мајските оперски вечери во Македонската опера и балет, на операта „Аида“.

ана облече долг златен фустан од дизајнерот Андреј Папаз, во кој според коментарите на нејзините пријатели изгледаше холивудски. Комплетниот стајлинг го надополнија фризурата, шминката и накитот.

„ Ретко сакам нешто конкретно да прикријам со шминка, можеби неизедначеност во тенот на лицето, без тоа не би имала добра подлога за комплетна шминка. Имам сини очи, па најчесто нив ги истакнувам при шминкањето“, изјави неодамна Јана за Женски магазин.

Инаку фестивалот трае до 31 мај и за тоа време ќе се изведуваат некои од најубавите оперски претстави, како и една балетска претстава а учествуваат реномирани домашни и светски режисери, диригенти, кореографи, оперски и балетски солисти.

Овогодинешниот фестивал ќе биде затворен со повторна изведба на Вердиевата Аида под диригенство на Диан Чобанов од Бугарија, диригент со богата Европска кариера. Во главните улоги ќе настапат русинките Олга Романко како Аида и Ирина Долженко како Амнерис. Во улогата на Радамес ќе настапи првенецот Ѓорѓи Цуцковски додека во улогата на Амонасро ќе настапи Анџело Веча, гостинот од Италија. Улогата на Фараонот ќе ја исполни Александар Стефаноски.