Додека сме во исчекување на новата сезона на најгледаното квиш шоу во Македонија – Се или нешто, водителката Лила Филиповска најчесто ја гледаме на видеата кои секојдневно ги објавува на социјалните мрежи.
Периодов кај неа е активен со повеќе свадби на кои покрај младоженците секако издоминира и самата со прекрасните креации на Елена Лука.
Летово неколку пати Лила се реши да го искористи убавото време и да отпатува во Турција и Грција, но во нејзиното друштво никогаш немаше машко лице, односно таа цело лето се забавуваше со пријателките.
По многубројните нагодувања и приказни за љубовниот живот на Лила, таа во вчерашните кратки приказни на социјалната мрежа Инстаграм реши со фотографија да открие кој и ја “гужва” постелата.
Доколку си помисливте дека нашата најпозната водителка повторно ќе стапне на лудиот камен, се лажете, затоа што се работи за нејзиниот омилен мачор Рагнер кој како милениче го чува во својот дом.