Водителката на Евровизија и поранешна девојка на Леонардо Ди Каприо на државата и должи два милиони евра

ИЗВОРСкопје24
|

Израелскиот супермодел Бар Рафаели(33) и водителка на годинешната Евровизија во Тел Авив, мора на државата да и плати 2 милиони евра наплатен данок. Освен тоа, израелското судство објави дека ќе мора да плати и 30 илјади евра судски трошоци.

Рафаели е обвинета дека не ја пријавила во целост својата милионска заработка во Израел и надвор. Иако изјави дека во спорната 2009 година најмногу време не била во Израел, судот пресуди поинаку.

Наводно, таа плаќала ниска цена за изнајмување на својот скапоцен стан во Тел Авив, а луксузниот автомобил го добила за промоција. Кон крајот на месец април Бар се појави на суд каде беа приложени документи за неплатениот данок.

Таа демантираше, а пред судот откри дека во текот на 2009 година била во врска со актерот Леонардо Ди Каприо (44) со кој и живеела.

– Бевме во сериозна врска и тогаш не бев жител на Израел. Не морам да плаќам израелски данок ако парите ги заработувам во друга земја, кажала Рафаели.

Со случајот се вмешани и нејзините родители кои исто така се обвинети за „перење пари“. Нејзините адвокати најавуваат тужба кон Врховниот суд, а тужбата против родителите се уште не е покрената. Судијата додал и дека манекенката никогаш не доставувала реални докази дека ги прекинала сите врски со својата земја, како што вели, Израел и понатаму бил центарот на нејзиниот живот.