Најоригинален: Водителот на Телма се маскираше во Боки 13-ка

ИЗВОРСкопје24
|

1-ви Април, денот на шегата сите под маски. Се маскираа и познатите од пејачи и пејачки, до актер(к)и, манекенки, ТВ водителки и водители… Најчесто, во некакви страшни или смешни маски и костими! Асоцијација на животот, работата, секојдневието. Но сепак, од сите маски, една маска беше хит! Имено, екипата или барем дел од неа, на Утринската програма на ТВ Телма исто така го испочитува 1-ви Април, па тоа утро на својата програма во живо се појавија маскирани!

Женскиот дел од тимот како некакви, волшебнички, маѓепснички или вештерки… Како вештерките не од „Иствик“, туку од „Телма“, да речеме! Цеце Трајковска и водителката на временската прогноза Ирена Лазарова – Димитровска до душа не беа нешто многу поразлични од вообичаено, освен по една специфична шапка како моден детал и жезол, меч или трозабец ќе да беше во раката.

Ама затоа нивниот колега, водителот Гоце Андреевски беше вистински хит! И не само на Телма, туку тој ја имаше маската на годината вклучувајќи ги сите од еснафот на сите други телевизии.

Гоце беше маскиран во никој друг, туку во Боки 13-ка!

Затоа и сите сакаа да се фотографираат со него! Сите и домаќини и гости сакаа да имаат слика со него!

Погледнете ја сличноста, која никако не е случајна. Како и да е, водителот на утринската на ТВ Телма вчера ја имаше најоригиналната првоаприлска маска!

Вистина.мк