Војдан Стојановски до крајот на сезоната во дресот на МЗТ Скопје

|

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Војдан Стојановски потпиша договор со МЗТ Скопје. Еден од нашите најдобри играчи се враќа во домашното првенство по една деценија интернационална кариера.

Стојановски ќе игра во таборот на МЗТ до крајот на оваа сезона со можност соработката да биде продолжена на подолго. Капитенот на Македонија измианатиот период се рехабилитираше од тешката повреда на коленото, а во вториот дел од сезоната треба да биде екстра засилување за „аеродромци“ во битката за врвот во домашното првенство и АБА2-лигата.

Во својата кариера Војдан Стојановски во домашното првенство играше за Вардар, АМАК – СП и Фени Индустри. Во странство играше за Напредак Крушевац, Черкасеи мавпи, потоа Доњецк, Алаба Берлин, Андора, Реал Бетис, Бујукчекмеџе, Олденбург, По Ортез и Гравелин.