ВОЈНА ВО ИЗРАЕЛ: Хезболах од Либан го нападна Израел кој возврати на терористичкиот напад- првиот ден на војната над 500 загинати Израелци и Палестинци

|

Израелската армија соопшти дека утрово нападнала цели во јужен Либан, откако неколку минофрлачки гранати биле истрелани на израелска територија.

Ракетите паднале во спорната област на планината Дов на границата со Либан. Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

– Израелските одбранбени сили (ИДФ)) преземаат подготвителни мерки за овој тип на можности и ќе продолжат да дејствуваат во сите региони кога е потребно за да се осигури безбедноста на израелските цивили, се истакнува во соопштението на израелската армија.
Израел прикажа снимка од нивниот артилериски напад врз командно место во шатор на Хезболах. Командата е целосно уништена.
Во Либан се распоредени и мировни сили на ООН во кои има и претставници на македонската армија. Мисијата уште вчера по нападот на ХАМАС од Газа ги засили своите сили на терен и предупреди да не се користи територијата на Либан за воени напади и акции.

ХАМАС и други палестински организации вклучени во вооружената борба со Израел се присутни и во Либан.

Најмалку 300 луѓе загинаа, а над 1.590 се повредени во големиот напад на ХАМАС од Појасот Газа врз Израел. Додека во израелската операција загинаа 313 лица, меѓу кои и 20 деца, а над 2.000 се повредени.
ХАМАС киднапираше и повеќе десетици луѓе од Израел, меѓу кои има цивили, жени и деца.