Пробајте ја војничката техника за заспивање спиење: Ќе заспиете за само две минути !

|

Ако вообичаено лежите будни навечер во кревет, вашиот мозок работи „сто на час“ и не можете да се смирите и да заспиете, тогаш имаме добри вести за вас.

Постои одлична воена техника која може да ви помогне да заспиете за само две минути.

Наводно, американската армија користи трик за да им помогне на војниците да заспијат во ризични ситуации, кога ќе добијат дополнителен адреналин, на пример на терен.

Како работи оваа техника?
Опуштете ги мускулите на лицето, вклучувајќи ги и мускулите на јазикот, вилицата и окото. Спуштете ги рамената колку што можете, потоа левата, па десната рака.
Издишете, опуштете го торзото, а потоа и нозете – од бутовите до стапалата.

Потоа треба да поминете 10 секунди обидувајќи се да го исчистите вашиот ум со примена на овие три техники:

1. Замислете како лежите во кану на мирно езеро, а над вас е само синото небо.

2. Замислете дека одмарате во црна лежалка од кадифе во темна просторија.

3. Повторете ги зборовите „Не размислувај, не размислувај, не размислувај“ десет секунди.

Во книгата Опушти се и победи: Шампионска изведба од 1981 година, овој метод беше презентиран за прв пат и се верува дека техниката е развиена така што војниците би можеле да добијат доволно сон како би се избегнале грешки поради исцрпеност.