Волк на кој сите овци му се на број: Момче го пораснало и го дресирало да му го чува стадото со овци

ИЗВОРСкопје24
|

Момчето Хамза од Либија еден ден нашло напуштено кученце и не се двоумело да го усвои.

Детето не ни помислувало дека тоа се работи за африкански златен волк (Canis anthus). Кога кучето израснало, Хамза не се откажал од него.

Напротив, го издресирал да му помогне во вршењето на овчарската работа. Така, природниот непријател на овците станал нивниот чувар.

Кога сме кај приказните за хероите животни, во продолжение прочитајте приказни каде што кучињата се вистински херои и се доказ дека никогаш не треба да ги напуштите.

Кучето на семејството Вудс, шкотскиот овчар Беси, ги носи сите заслуги што тригодишната Пипа е жива и има големи шанси да биде повторно здрава.

Всушност, Паула и Филип Вудс приметиле дека Беси потполно чудно се однесува кога е во близина до Пипа. Паметното куче на многу начини сакал да го привлече вниманието дека нешто чудно се случува со малото девојче.

После некое време, Беси повеќе не сакал да се отргне од Пипа, а кога родителите пробале да ги раздвојат кучето непрестатно виело. Паула и Филип сфатиле би било добро својаќа ќерка да ја однесат на контрола, иако верувале дека тоа ќе биде само рутински преглед.
После наодите од крвта, докторите веднаш ја сместиле Пипа во болница за понатамошна анализа. Родителите биле шокирано, а кога стигнала дијагнозата и кога им било соопштено дека нивната ќерка боледува од акутна лимфоцитна леукемија, останале шокирани.
Пипа веднаш почнала да прима хемотерапија. Наодите сега покажуваат дека белите крвни зрнца сега за сега и се стабилна, но сепак ќе направат барем уште една трансфузија.

Верувам дека терапијата имала ефект само затоа што болеста е откриена на време. За се е заслужен нашиот Беси, говори низ солзи Паула Вудс. Битката сеупте не е готова, но благодарејќи на најдобриот пријател на Пипа, таа доби втора шанса.

Во низата приказни каде што кучињата се вистински херои ви ја пренесуваме и приказната на Жиле која е сплет од тага и радост, болка и среќа… Приказна која никого не остави рамнодушен!

Жиле е младо кутре кое пред 1 година беше застрелано на Шарпланинскиот куп и остана парализирано до крајот на животот.

За него се грижеа хумани активисти цели 7 месеци, сè додека неговиот случај не се прошири во јавноста.

За кратко време Жиле се пресели во САД и сега живее со хумано семејство, чија ќерка исто така има здравствени проблеми.

Денес Жиле е херој и туѓа инспирација за живот!

Приказната за куче објавена на социјалната мрежа Reddit растопува срца низ светот.

Есејот бил напишан на темата: „Кога сакано куче ќе премине на другата страна, мора да донесе одлука – да премине преку Мостот на виножитото и да го почека својот сопственик или да се придружи на Будната стража и да го брани светот од злите духови.“

Корисникот Euthenios трогна илјадници љубители на животни со оваа приказна:

Еве го неговиот одговор:

Последното нешто на кое се сеќавам е кога Мојот Човек ме однесе на Боцкавото Место.

Никогаш не сфатив зошто Мојот Човек ме носи на Боцкавото Место. Миризбите беа силни и тие ме боцкаа со остри нешта. Затоа го викав Боцкаво Место. Тоа беше лошо место. Не ми се допаѓаше.

Не знам зошто Мојот Човек ме однесе таму токму тој ден. И онака не се чувствував добро. Повраќав, колковите и шепите ме болеа. Дури и јадењето трева не ми помагаше. Потоа Мојот Човек ме одведе на Боцкавото Место. Се обидов да му се налутам, но тој изгледаше многу тажно, па се обидов да мавтам со опашката за да го развеселам. Не ни забележав кога Боцкавиот Човек ме боцна.

Потоа очите ми натежнаа и тоа е последното нешто на кое се сеќавам.

Бади. Слушнав глас. Бади, разбуди се.

Ги отворив очите и се исправив на нозе и сфатив дека шепите не ме болат повеќе. Се обидов да мавтам со опашката и тоа не ми беше проблем. Го помирисав воздухот. Мирисаше како Паркот за Игра и како Нашиот Дом и Автомобилскиот Прозорец. Многу ми се допадна.

Добредојде Бади – повторно ми рече гласот кој доаѓаше од зад мене.

Се свртив и таму имаше човек. Не беше Мојот Човек, но изгледаше безбедно и мирисаше добро, па му верував.

Каде сум? – прашав.

Ти си на местото каде што одат Добрите Кучиња – ми рече човекот.

Бев Добро Куче? – прашав.

Беше Многу Добро Куче – ми рече.

Тоа беше добро. Отсекогаш се обидував да бидам Добро Куче.

Каде е Мојот Човек? – прашав.

Тој сè уште е таму долу – ми рече човекот. Потоа замавна со раката и одеднаш бевме во Нашиот Дом, а Мојот Човек седеше на Забранетата Столица и изгледаше тажно. Одвреме-навреме ќе погледнеше кон Дозволениот Кауч, каде што ми дозволуваа да седам, а здивот му застануваше од тага. Се обидов да се погалам од него, но носот само ми помина низ неговата рака.

Што се случува. Не разбирам – реков.

Човекот воздивна. Не можеш да бидеш со него сега, Бади. Жалам. Така стојат нештата.

Се замислив. Значи тоа е како Мојот Човек да е на Човековиот Кревет каде мене не ми е дозволено да одам? – го прашав.

Точно така – рече човекот. Но, тој може еден ден повторно да биде со тебе. Ако избереш да го чекаш.

Се разбира дека сакам да го чекам – му реков. Да не го чекам Мојот Човек? Со кој мисли дека разговара тој?

Почекај Бади – ми рече човекот. Нешто го растажуваше. Не е толку едноставно. Имаш избор. Клекна на колено и ме погледна в очи. Има лоши нешта на овој свет, Бади. Многу лоши нешта.

Како мачката на соседот? – прашав.

Многу полоши од неа Бади. Замавна со раката и видов за што зборува. Ми покажа мрачни нешта, како змии и стаорци, само полоши. Полоши од Машина што Смука. Полоши од Боцкавото Место. Мирисаа на зло.

Сите овие нешта сакаат да го повредат. Сакаат да ги повредат сите. Можеш да го почекаш или да го заштитиш. Но, ако избереш да го заштитуваш, никогаш повторно нема да го видиш.

Што, никогаш? – запрашав.

Човекот кимна. Никогаш Бади. Жалам. Такви се Правилата. Изборот е ужасен.

Си ги погледнав шепите. Не сакав да не го видам Мојот Човек повторно. Но, многу повеќе од тоа сакав да го заштитувам.

Знам што треба да направам – му реков. Човекот замавна со раката и одеднаш бевме на место каде што имаше повеќе кучиња одошто сум видел некогаш.

Сите овие се Добри Кучиња кои одлучиле да ги заштитуваат своите сопственици – ми рече човекот.

Ги погледнав сите. Сè уште не можев да поверувам. Но, има многу од нас – му реков. Колку Добри Кучиња има овде?

Човекот погледна надолу во мене. Ми се насмевна, но можев да видам дека сè уште беше малку тажен. Сите, Бади. Секое од вас.