Вонреден состанок во Влада – можно е воведување на рестрикивни мерки

ИЗВОРСкопје24
|

Во 12 и 30 часот ќе има вонреден состанок во Владата по неофицијалните сознанија дека бројката на новозаболени изнесува повеќе од 100 лица од кои 59 се од Скопје.

Најголем проблем претставува што граѓаните одбиваат да одговорат на епидемиолошките анкети.

Имено според информаии на „Сител“ на состанокот ќе присуствуваат Министерот Венко Филипче, Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев и Вицепремиерот Бујар Османи.

Иако беше најавено за утре, можно е и денеска да се знае дали ќе има заострени мерки за време на викендот и дали ќе бидат затворени неколку општини каде има најмногу заболени.