ВОНРЕДНА МЕТЕО НАЈАВА: Кај нас следува вистинска есен и врнежи, во соседна Грција седмицата носи катастрофални поплави

|

Новата седмица во соседна Грција носи катастрофални поплави и обилни врнежи од дожд, грмежи, невреме и силен ветер, како и позначителен пад на температурите. На следната карта можете да погледнете на кои места во Грција ќе наврне големо количество на дожд, но и каде постои опасност од поплави:

Апелираме нашите граѓани кои се наоѓаат таму да бидат крајно внимателни, или пак да се вратат назад во Македонија, а на тие кои планираат да патуваат кон нашиот јужен сосед, тоа во никој случај да не го прават.

Кај нас во Македонија, од претстојната ноќ, како и утре на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд, локално поројни и проследени со грмежи и со засилен северен ветер. Во текот на седмицата ќе дува засилен северен и североисточен ветер, а и понатаму ќе има услови за повремен локален дожд. Повремено брзината на ветерот ќе надминува 60 км/час. Осетно ќе залади со пад на температурите дури за 10 степени, па така и температурите речиси насекаде ќе бидат под 30 степени, а понекаде и под 20 степени. Особено свежо ќе биде наутро кога понекаде температурите ќе се спуштаат и под 10 степени.

Есента полека но сигурно ни доаѓа, а состојбата во Грција сватете ја крајно сериозно!

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!