Вонредна најава од метеоролозите: Се очекуваат поплави во Македонија

ИЗВОРСкопје24
|

И последните направени анализи ја потврдуваат опасноста од поплави во регионот но овој пат и во Македонија што значи дека огромното количество на вода кое треба да го донесе моќната Андреа е веќе сигурно, а бурата територијата на Балканот и Македонија ќе ги зафати уште во текот на утрешниот ден и ќе услови поројни дождови, грмежи и засилен ветер. Локално, од утре, па натаму процесите ќе бидат доста интензивни и во форма на силно невреме проследено со обилни поројни врнежи од дожд, силни грмежи, силен ветер како и со појава на град кој локално ќе биде и доста интензивен. Поради падот на температурите на воздухот на високите места врнежите од дожд ќе поминат во врнежи од снег со што се очекува формирање на нова снежна покривка.

Количеството на воден талог кое се очекува е огромно и тоа особено во Босна и Херцеговина како и во делови од Србија и Хрватска и тоа од 50 до 100 л/м2 локално дури и до околу 200 л/м2 воден талог со што и тоа како ќе се зголеми опасноста од локални поплави како и за зголемување на нивоата на реките и езерата а локално можни се и излевања.

Во Македонија исто така се очекува големо количество на воден талог и тоа на повеќе места над 50 л/м2 а локално дури и над 80 л/м2 воден талог со што има услови за локални поплавувања и зголемување на нивоата на реките и на езерата, локално има опасност секако и за излевање на истите па затоа крајна претпазливост.

Во случај на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја додека пак овчарите своите стада овци да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.