Силно невреме го зафати вчера регионот, а беснееше и во Македонија.
Врнеше и грмеше во повеќе градови, а поплави има во Скопје, во Кисела Вода, особено кај Цементара и патот за теферич каде има поплавено и домови, како и во Неготино каде има реки по улиците.
Претпладне времето според УХМР ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе се задржи нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силен ветер и појава на град.
Наутро од од 12 до 19 а преку ден од 26 до 33 степени.
Слично време ќе преовладува и во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.