Покрај пеколните горештини и температури на воздухот кој особено од средината на оваа недела ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени (во централните и југоисточните предели истите има услови да се искачат до околу 45 степени), од Сахара кон нашата држава ќе се врши поголем транспорт на прашина и песок.
Атмосферата од утре, па до крајот на неделава ќе биде се повеќе и повеќе заматена со намалена воздливост а времето ќе биде доста мачно и спарно, особено за метеопатите.
Ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.
Само во среда попладне ќе има услови за сосема ретка појава на краткотраен локален дожд и ретки грмежи.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во текот на следните денови, односно до крајот на оваа недела поради ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ бран, да се пијат повеќе течности и да не се излегува во најтоплиот период од денот (ова особено важи за старите и изнемоштени лица).
Исто оние кои мора да излегуваат, со себе ЗАДОЛЖИТЕЛНО да носат заштитна опрема (капа и наочари за сонце).
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.