Вонредна најава: Силно невреме доаѓа кон Македонија и пад на температурите

ИЗВОРСкопје24
|

Територијата на нашата држава во следите 30тина часа ќе биде под влијание на изразено нестабилна, влажна и свежа воздушна маса која ќе услови врнежи од дожд проследени со појава на грмежи.

Локално се очекуваат интензивни атмосферски процеси кои ќе бидат во форма на поизразено невреме проследено со силен ветер (до околу 100 км/час) силни електрични празнења, обилен пороен дожд (над 30 л/м2) кои можат да условат поплавувања како и појава на град. Во случај на вакви временски појави на граѓаните да бидат претпазливи, препорачува Славчо Поповски.

Температурите на воздухот пак ќе бележат тенденција на значителен пад (за околу 10 степени) а вечерва истите се очекува дополнително да опаднат, па така до четврток наутро истите понекаде се очекува да се спуштат дури и под 10 степени.

Ваквите временски услови многу лошо ќе влијаат исто така и врз метеопатите каде се можни и значителни здравствени проблеми.