Денес и во вечерните часови ќе се задржи нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силен ветер и појава на град.
Утре и во сабота ќе преовладува сончево и топло време со услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Во недела попладне и во следните денови повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Од недела па натаму повторно атмосферата значително ќе се дестабилизира и на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално повторно ќе има појава на невреме проследено со интензивен пороен дожд, значително количество на воден талог кое може да предизвика и поплави, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Температурите навоздухот поради продор на потопол воздух од југ ќе бележат тенденција на значителен пораст и за време на викеднот ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени додека од понеделник истите ќе бележат тенденција на мал пад.
Денешното невремето направи вистински хаос во Општина Ѓорче Петров поточно на улицата 21 во Волково. До Сител пристигна фотографија каде улицата 21 наликува на езеро.
Жителот кој ни ja испрати фотграфијата вели дека со овој проблем се соочуваат веќе долги години, тој исто така додава дека и покрај ветувањата од градоначалникот дека улицата ќе биде асфалтирана тоа не се случило.
– Се уште сме приморани до продавница да одиме со рибарски чизми. Кога и да се пожалиме во општината, тие експресно не откачуваат, тврдејќи ни дека улицата ни е малечка и дека таму не живеат голем број жители (веројатно мислејќи на гласачи, иако тука вкупно живееме 30тина луѓе)Срамота и греота е во 21 век вака да живееме, вели жителот на Општина Ѓорче Петров.