Вонредна временска прогноза – утре попладне силен северен ветер

|

Пролетни температури ќе имаме во текот на утрешниот ден кога максималните дневни температури ќе се движат околу 10 степени во Скопје до 17 во јужните делови од Македонија додека утринските ќе бидат околу нулата. Во вторник веќе истите ќе се движат во интервалот од -2 до 6 степени додека веќе од среда во утринските часови температурите ќе се спуштаат и под -10 степени на некои места во Македонија.

Студен бран веќе е упатен кон нашата држава и ќе стигне утре доцна попладне и навечер и ќе влијае на времето кај нас во текот на ноќта кон вторник како и во вторник наутро и ќе услови врнежи најпрвин од дожд и снег на планините, ќе започне да дува засилен, повремено силен ветер од северен правец кој понекаде ќе има удари од над 70 км/час, токму ова ќе услови нагло заладување на времето па така најпрвин на повисоките места а во текот на ноќта кон вторник почнувајќи од северните предели, и на некои пониски места ќе има врнежи од снег.Снежната покривка ќе се зголемува на планините и на повисоките места. Поинтензивни врнежи ќе има во западните предели на државава каде локално ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог.

Оваа нагла промена на времето може лошо да влијае врз здравјето на граѓаните. Можеме да напоменеме дека поради засилениот северен ветер кој се очекува уште утре навечер да бидете крајно внимателни а особено да внимавате каде ги ставате вашите автомобили, односно истите да бидат подалеку од дрвјата.