Вонредна временска прогноза: Попладне внимателно, не чека голема промена на времето

ИЗВОРСкопје24
|

Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а во источните делови засилен ветер од југоисточен правец.

Попладне и во вечерните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер и град.

Минималната температура ќе биде помеѓу шест и 14, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност, попладне со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од десет до 26 степени.

Во понеделник и вторник во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а стабилно ќе биде во среда.

Во понеделник времето ќе биде променливо облачно, попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и краткотрајно засилување на ветерот.

Во вторник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има краткотраен дожд и грмежи.

Додека пак во среда времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени додека во централните и во југоисточните предели истите во текот на следниот период можно е да се искачат и до 30 степени а УВ ИНДЕКСОТ ќе има многу висока вредност и ќе има коефициент 9. Да напоменеме дека во следните денови поради јужното и југозападното воздушно струење од Сахара кон нашата држава повторно ќе се врши транспорт на прашина и на песок.

Сепак и покрај ова студените денови завршија со што можете да уживате во многу потоплите денови и покрај нестабилноста која ја очекуваме.