Вонредно метео: Од утре дожд и грмежи

ИЗВОРновлист
|

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре попладне од запад ќе започнат врнежи од дожд кои во текот на ноќта и во среда ќе се прошират насекаде, ќе бидат пообилни и локално проследени со краткотраен силен ветер и грмежи.

Утре и во среда ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен, а во четврток од северен правец.

Имено, со навлегувањето во месецот март, навлеговме и во онаа климатска пролет. Деновите се подолги а ноќите се пократки. Токму поради ова полека но сигурно на зимата и доаѓа крајот а условите за поизразени студени бранови полека се намалуваат.

Сепак оваа година пролетните месеци кај нас гледано по температурите ќе бидат околу просекот, постои можност повремено температурите на воздухот да бидат малку и над просекот, односно да биде потопло од вообичаеното. Секако дека сеушто повремено има услови за надоаѓање на постудени воздушни бранови од север кој би условиле врнежи од дожд и снег, па и услови за појава на мраз. Ваквите појави кај нас се поизвесни во текот на март и април месец.

Гледано пак по врнежите, иситите би биле околу просекот. Односно би имале нормални врнежи во текот на следниот пролетен период. Повремено има услови и за создавање на поизразени циклонски активности кој би условиле поинтензивни врнежи. Сепак барем според моменталната сезонска анализа за оваа пролет, условите за поголеми временски непогоди се релативно мали.