Врнежи од дожд ќе има попладнево во западните, а кон крајот на денот и во текот на ноќта во источните делови.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи – УХМР, под влијание на нестабилна воздушна маса од Медитеранот продолжува периодот на променливо и нестабилно време со повремени врнежи од дожд.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.
Пообилни врнежи се очекуваат од петок попладне, во текот на ноќта и во сабота, кога ќе има пад на дневната температура.
Утринската температури ќе се движи од два до десет, а дневната од 11 до 22 степена.
Ќе имаме пеколно жешко лето – Ел Нињо носи и невреме
Претстојното лето во Македонија но и пошироко на Балканот и во Европа ќе биде особено топло со значително натпросечно високи температури на воздухот и чести продори на топли воздушни бранови кој ќе пробиваат од северните предели на Африка. Ова лето Македонија очекува неколку топлотни бранови со температури кој би се искачиле и над 40°C, анализира Славчо Поповски за 1ТВ.
Сепак ваквата појава е многу нормална за нашиот дел од континентот а сето ова е како што веќе кажавме поради феноменот Ел Нињо кој носи потопло време но и повеќе врнежи. Што се однсува пак до врнежите тие ќе бидат над просекот што значи очекуваме почести дестабилизации на атмосферата проследена со поројни дождови, грмежи, силен ветер како и појава на град а не се исклучува можноста и за локални поројни поплави.
Освен Македонија со многу топли бранови треба да се соочи и регионот како и поголем дел од Европскиот Континент, сепак и покрај ова ќе има повремени продори од север кој ќе условуваат и освежување на времето.