Возачи без лекарско возат преполни патнички комбиња

ИЗВОРСкопје24
|

По последната акција на полицијата за проверка на поширокото гостиварско подрачје, на возила што вршат јавен превоз на патници, санкционирани се 14 лица.

Според СВР Тетово, со контролата биле опфатени 29 возила, претежно комбиња што сообраќаат кон гостиварските села.

Откриени се девет возачи кои ги управувале комбињата без потребните лекарски уверенија, а четири комбиња возеле поголем број на патници од дозволеното, наведуваат од СВР Тетово.

Откриените прекршоци санкционирани се со девет прекршочни и пет мандатни платни налози.

Глобата за управување без лекарско уверение изнесува 300 евра, а 45 евра за возач кој вози поголем број на патници.

Неделава постојано ќе врне – За ова полицијата ќе ви напише голема казна

Деновиве има врнежи од дожд низ Македонија, па затоа особено треба да се внимава да не испрскате некој пешак со возилото.

За да бидат казнети несовесните возачите мора да бидат фатени во моментот кога го извршуваат делото, или пак казнувањето е можно ако возачот го запре возилото или, пак, полицаец да биде сведок на настанот.

Сообраќајниот полицаец мора на самото место да го констатира тој прекршок, а доколку нема полицаец во близина, следна опција е да се јавите на 192, но да го задржите возачот и тој да признае што направил.

Казната е 35 евра во денарска противвредност, како и 15 негативни поени.