Возачи на автобус од Тетово без лекарско уверение се обиделе да излезат од државата

|

Во текот на вчерашниот ден при контрола на автобус на превозно претпријатие од Тетово на граничниот премин Табановце, двајцата возачи на автобусот се обиделе да излезат од државата без лекарски уверенија.

Денеска (22.12.2021) во 11.30 часот на Граничен премин Табановце, при излез од Република Македонија, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север извршиле контрола во автобус на превозно претпријатие од Тетово. Притоа, едниот возач В.Д.(39) од Тетово приложил фалсификувано лекарско уверение, а другиот возач Ш.О.(49) од Гостивар не поседувал лекарско уверение. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.