Возачи, на овие скопски булевари нема метеж- возете од тука

|

ЦУКС известува дека во овие утрински часови помала раздвиженост на возила се забележува единствено долж:

бул. Киро Глигоров кон населба Автокоманда, ул. Свети Кирил и Методиј кон бул. Водњанска и бул. Александар Македонски кон клучката Континентал.

Во продолжение прочитајте каква е состојбата на патиштата низ Македонија:

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај до 01.10.2022 за возила со вкупна маса до 3,5 тони.