Возачите во Калифорнија ги оставаат багажниците отворени – ова е причината

|

Во Калифорнија може да се видат паркирани автомобили со отворен капак на багажникот, причината за ова е големиот број кражби. Минатата недела снимката од два паркирани теренци со отворен капак на багажникот стана вирална, со што се доби впечаток дека се работи за нов тренд. Локалните власти им сугерираат на сопствениците на автомобили да не го прават тоа.

Сопствениците го оставаат капакот на багажникот отворен за да им кажат на провалниците дека нема ништо вредно во автомобилот. Тие сакаат да кажат дека во нивниот автомобил не вреди да се вложи труд околу кражбата за да се најде некаква потенцијална вредност. Истото го потврдил и еден од сопствениците на теренецот за Inside Edition, велејќи дека сакал да покаже дека кабината е целосно празна.

Полицијата во Сан Франциско истакнува дека тоа е погрешен пристап и дека „многу работи можат да тргнат наопаку.“ Една од можностите е сопственикот да оставил некои документи во патничкиот простор, кои секој провалник може да ги земе без никакви проблеми.

Кражбите во возила годинава биле зголемени за дури 32%, додека други податоци покажуваат дека овогодинешниот пораст и понатаму е висок и изнесува 27%.