Турчинот Алсин Левент (35) кој се сомнева дека со своето возило го усмртил Шабан Шаулиќ (67) го очеклува судење надвор од затворот.
„Ни ја достави неговата адреса и сега не постои сомнеж за бегство“, изјави тужителот Кристоф Мекел.
Адвокатот на Турчинот Јерит Шол не сакаше да обелодени каде се наоѓа Алсин, бидејќи како што вели му се упатуваат безбројни см*тни закани.
слика
Како што велат од Германското обвинителство во германскиот град Билефилд, прашање е на време кога ќе биде готов комплетниот извештај за сообраќајката што се случи на автопатот број 2.
Државниот обвинител Кристоф Макел изјави дека во јавноста ќе биде изнесено и извештајот на експертите за причината за сообраќајката која однесе 2 животи. Покрај легендарниот пејач, животот го изгуби и неговиот близок пријател Мирас Кериќ. Кумот на Шабан Шаулиќ, Слободан Стојадиновиќ е тешко повреден.
„Обинетиот сигурно не поседувал возачка дозвола“ кажа новинарот на регионалниот дневен весник кој известуваше за оваа трагедија Карстен Боргмајер.
Возачот на „маздата“ Алсин Левент оптужен е за у**ство од небрежност и под итна постапка спроведен е во истражен затвор.
„Во текот на истрагата потврдено е дека на 17 февруари 2019 година бил под дејство на алкохол и опојно средство (канабис)“ изјави Јавниот обвинител од Билефилд.