Возете внимателно : Магла на планинскиот превој – видливост од 10 до 20 метри

ИЗВОРНов Лист
|

Поларниот бран кој со денови се најавуваше веќе пристигна во Македонија, а со тоа и маглата и многу ниските температути, па затоа доколку сте на пат упатуваме апел на голема претпазливост при возењето.

Поради појава на густа магла на планинскиот превој Плетвар видливоста е намалена од 10 до 20 метри.

Слаб снег провејува на Попова Шапка. Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Од ЈП „Македонија пат“ потсетуваат дека е можна појава на поситни одрони на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци и апелираат за внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.