Возило излета во Охридското Езеро (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Возило заврши утрово во водите на Охридското Езеро, на потегот пред хотелот „Ројал“, пишува „ОхридПрес“.

Станува збор за возило марка „Пежо 206“, кое од до овој момент непознати причини завршило во водите на езерото.

На местото на настанот излезе и екипа на охридската противпожарна станица, која ќе се обиде да го извади возилото од езерото.


фото: ОхридПрес

Сличнен настан пред година ипол се случи и во Скопје кога беше забележано дека автомобил плови во реката Вардар пред МНТ. На крајот се испостави дека возилото било на Весна Петрушевска – Бејби која како што изјави тогаш не знае како се случило возилото да заврши во водата на реката, бидејќи таа го паркирана на паркингот кај театарот.

„Јас сум шофер од 17 години, уредно ја изгасив колата ја заклучив и појдов на проба. Можно е да се работи за обид за кражба. Нема шанси колата сама да тргнала и да падне во Вардар“, изјави тогаш Петрушевска.