Возилото што падна во Вардар било на вработен во „Аџибадем Систина“, во него немало луѓе

ИЗВОРНов лист
|

Возилото што претпладнево беше извадено од реката Вардар е во сопственост на вработен во болницата „Аџибадем Систина”. Во него немало патници, а треба да се утврди како завршило во водите на реката Вардар.

Вработениот утрово дошол на работа и го паркирал својот автомобил на паркингот во близина на реката.

Според првичните, неофицијални информации се работи за обид за кражба.

Автомобилот беше извлечен во близина на пешачкиот мост кај болницата „Аџибадем Систина” со помош на сајли што преку водите на Вардар ги поставија спасувачките екипи од Противпожарната единица и нуркачката единица при МВР.

Извор: МКД.мк