Возови за Србија може да нема и во наредните десетина дена

ИЗВОРСкопје24
|

Вагоните од товарниот воз на МЖ Транспорт, што ноќеска се превртеа кај кумановската железничка станица може да го блокираат железничкиот сообраќај кон Табановце, односно кон соседна Србија во наредните два-три, па и до десетина дена, информираат за весникот Вечер извори од МЖ.

Причина е тоа што е потребно многу време да се подигнат и отстранат тешките вагони кои се излезени од шините.

Во меѓувреме, почетна точка на возовите кон другите правци е скопската железничка станица и како што дознаваме сообраќајот се одвива нормално.

Инаку, како што веќе потврдија од макеодснки железници-Транмспорт, вагоните се излизгале од шините и се превртеле ноќеска околу два часот на излезната свртница кај кумановската железничка станица.

Од МЖ транспорт најавија дека во текот на денот преку соопштение ќе дадат детали за несреќата, а досега информираа само дека се работи за товарен воз, дека во несреќата нема повредени лица, но според првичните сознанија е причинета голема материјалчна штета.

Во тек е истрага за причините на несреќата.