Ребалансот за 2023 година тежок скоро 7 милиони денари денеска го изгласаа советниците во Советот на Град Скопје. На денешната 32 седница беа поднесени седум амандмани-два од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, еден од советничката група на СДСМ и четири од Зелен хуман град, објави ТВ24.
Градоначалничката Арсовска не присуствуваше на седницата, а овластеното лице – секретарот Зогран Глигоров ги отфрли сите амандмани додека пак советниците шест усвоија, а еден одбија. Амин од советниците добија амандманите за изградба и отварање на дневен центар за лица и деца со попреченост, поддршка на спортски клубови, се усвои и амандманот за зголемување на платите на вработените во Град Скопје за 5 000 денари, одвојување на средства за доработка на Зелен катастар на Град Скопје, продолжување на рекреативна патека на Вардар како и амандманот за одвојување средства за бројачи на велосипеди.
Единствено е одбиен амандманот за освојување средства за зголемување на буџетот за спроведување на програмата за третман на бездомни животни од страна на ЈП Лајка. Ребалансот изгласан во отсуство на Арсовска, а советниците пак бурно реагираа за ненајавеното отсуство на градоначалничката со став дека не можат да дебатираат на совет сами со себе на предлог кој што го дала Арсовска, таа не е тука да си го објасни сопствениот предлог. Вжештени коментари и за тоа дали според Деловникот може или не може советниците онлјан да присуствуваат.
Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со 26 гласа „ЗА“ Иницијативата за Владата да ја преземе Универзална сала. Оваа иницијатива и претходно се наоѓаше на седниците на Советот но денеска доби поддршка и од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ со образоложение дека до сега Арсовска не успеала да ја стави во функција.
Меѓу останатите точки на дневниот ред се најдоа и точките за Годишната сметка на ЈСП за 2022 како и Извештајот за работењето на ЈСП во период од јануари-март 2023 и Извештајот за целокупното работење на ЈП депонија Дрисла за 2022.