Вработените во разни агенции, фондови, во општините, училиштата, градинките и сите други вработени во институциите од јавниот сектор, од септември, оваа година, ќе добијат 10 отсто раст на постојните плати, како и исплата на регрес за годишен одмор за 2023 година од 10.000 денари
Вработените во јавниот сектор ќе земаат повисоки плати. Потпишан e Општиот колективен договор за вработените во јавен сектор и тоа е системско решение кое гарантира постојан раст на платите.
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов официјално го потпишаа Општиот колективен договор за вработените во јавен сектор. Потпишувањето на Општиот колективен договор беше единствена точка на денешната 12 седница на Економско-социјалниот совет.
Министерката Тренчевска на прес-конференцијата за медиумите посочи дека Општиот колективен договор кој се потпишува после 15 години претставува значаен чекор во насока на унапредување на работничките права и потврда дека за оваа Влада социјалниот дијалог е особено значаен.
Вработените во разни агенции, фондови, во општините, училиштата, градинките и сите други вработени во институциите од јавниот сектор, од септември, оваа година, ќе добијат 10 отсто раст на постојните плати, како и исплата на регрес за годишен одмор за 2023 година од 10.000 денари, којшто ќе биде исплатен до крај на годината.
Утврдена е и нова Методологија на плата која ќе се спроведува од март 2025 година. Во новиот општ Колективен договор е предвидена исплата на минимум К-15 во износ од 30 отсто од просечната нето плата.
„Како Влада и како Министерство надлежно за прашањата во областа на трудот, дијалогот во општеството го подигнавме на повисоко ниво. Затоа што за значајните прашања треба да се разговара заедно и отворено. Заедно, низ дискусија со социјалните партнери ја донесовме методологијата за усогласување на пензиите, одлуката за минималната плата и нејзин постојан раст, а денес ја официјализиравме одлуката за пораст на платите на вработените во јавен сектор и не само тоа, туку и методологија која обезбедува постојан раст на платите. Општиот колективен договор уредува и други прашања кои се во насока на унапредување и заштита на работничките права и вреднување на трудот на работникот“, истакна Тренчевска.
Целиот текст е на faktor.mk