Вработените во оваа фирма бираат: Годишен одмор од 12 недели или 3 месеци на пола работно време

ИЗВОРСкопје24
|

Вработените во една ревизорска компанија во Австралија ќе можат да земат од шест до 12 недели одмор годишно, како дел од новата политика за одмори на компанијата.

Ернст и Јанг Океанија од 1 април започна на своите вработени да им ја нуди својата нова флексибилна политика за годишен одмор, со тоа што им овозможува да изберат помеѓу стандарден одмор во кој целосно може да се дистанцираат од работните обврски, да работат со скратено работно време или да ги усогласат своите работни обврски со другите надворешни обврски онака како што најдобро им одговара.

Компанијата се надева дека со воведување на флексибилната програма за годишен одмор ќе може да привлече и задржи вработени со врвен талент. Претходно, компанијата спроведе истражување за оваа тема и потврди дека флексибилното работно време го зголемува ангажманот на вработените за 11 проценти.

-Иновираме за да не ги изгубиме луѓето кои си имаат свои страсти и за други работи надвор од работното време, вели Кејт Хилман, HR бизнис партнер во EY Океанија.

Хилман вели дека со новата политика им се излегува во пресрет на сите вработени кои сакаат да волонтираат, да патуваат или да учествуваат во проширени програми за обука.

Вработените, исто така, ќе можат да изберат помеѓу две нови опции: работа со полно работно време или работа со скратено работно време. Тие што имаат деца може да ја претпочитаат првата опција што ќе им овозможи да работат со полно работно време во текот на годината, а потоа да одат на одмор. За другите, попривлечен може да биде вториот распоред кој им овозможува на вработените три месеци во годината да работат со скратено работно време.

Сепак, постои еден услов: политиката за “животно отсуство“ е самофинансирана, што значи дека вработените нема да добиваат плата додека се далеку од канцеларија.

Вработените ќе можат да го искористат своето отсуство одеднаш или на два дела.

Годишен одмор или три месеци работа на пола работно време, што вие преферирате?