Фудбалерот Огњен Врањеш по објавените фотографии на Јелена Карлеуша сега ѝ се заканува и на нејзината колешка Дара Бубамара дека ја чека истото.
Имено, српските медиуми пренесуваат дека Врањеш наводно поседувал фотографии и од Дара Бубамара кои пејачката му ги праќала кога се допишувале пред неколку месеци.
Огњен и Дара цело лето се допишуваа. Тие размениле броеви преку Инстаграм, а набрзо потоа почнале да циркулираат видео пораки преку вибер. Дара за кратко време стекнала доверба во Огњен, па често му праќала фотографии со експлицитна содржина. Долго време се договарале да се видат во живо, но Дара од пријателите слушнала дека Огњен е во шема со Карлеуша. Тогаш одлучила без објаснување да го прекине контактот со него – вели извор близок на Дара.
Иако Врањеш ѝ бил многу симпатичен, Дара се уплашила дека Јелена повторно ќе ѝ се налути. Не сакала да го прокоцка пријателството со пејачката со која неодамна ги стоплија односите, па одлучила да го блокира.
Кога Дара застанала на страна на Карлеуша, Огњен се изнервирал и се заканил дека ќе ги објави и нејзините фотографии.
Даро ќе ги објавам твоите фотографии, ако продолжиш да зборуваш и провоцираш. Ќе те избламирам како Јелена – ја пренесуваат српските медиуми пораката на Огњен до Дара Бубамара.