|
Доколку можеби се израдувавте дека зимата е веќе зад нас и уживавте во речиси пролетните температури изминативе неколку денови, имаме лоши вести за вас.
Додека во поголемиот дел од денот денес имаше сонце и температури над 10тиот степен, сепак во утринските часови по одделни котлини имаше појава на слаба магла.
Преку денот времето беше сончево и релативно топло со слаб ветер од променлив правец.
Во наредниот период следува променливо облачно и малку посвежо време со локален слаб дожд, а на планините слаб снег. Од среда ќе има намалување на облачноста и пораст на дневните температури.