Време само за поаѓање на плажа – Следува МНОГУ ПОСТАБИЛНО време со МНОГУ ПОВЕЌЕ сонце! – Од вторник и МНОГУ ПОТОПЛО!

ИЗВОРНов Лист
|

До крајот на денов, како и во следните денови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Повремено во попладневните часови, и тоа особено во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд и грмежи.

Денес ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени, додека ПОГОЛЕМ пораст на истите се чекува од вторник па натаму, и тогаш максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39 степени.

И во Скопје и околината времето денес, како и во следниот период ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Денес ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 28 и 33 степени, додека од среда температурите ќе се искачуваат и до околу 35 степени.

УВ – ИНДЕКСОТ во следниот период ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните ги советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.