Времето денес во Македонија ќе биде претежно облачно, од попладневните часови со повремени локални врнежи од дожд а на планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец и истиот повремено на некои места ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за повремени слаби врнежи од дожд. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 10 степени.
Потоа до понеделник времето ќе се задржи променлливо облачно со услови за локални слаби врнежи од дожд, на планините врнежите ќе бидат од снег. Во понеделник исто така ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени. Стабилизирање на времето и намалување на облачноста ќе има во вторник.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.