|
Според УХМР, времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието.
Следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена локална облачност. До сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.
Во Скопје и околината ќе продолжи периодот на стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност, максималната дневна температура овие денови се очекува да се искачи до околу 30 степени.