Сончево и ветровито – Временска прогноза 04 Септември 2020

|

Според УХМР, времето денес ќе биде сончево со мала локална облачност и посвежо. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер кој на места ќе надминува брзина од 70 км/час.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 31 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево, посвежо и ветровито со умерен до засилен ветер од северен правец.

Во следните денови ќе се задржи претежно сончево време, но со посвежи утра. Дневната температура од недела ќе биде во пораст.

Од УХМР предупредуваат на силината на ветерот кој денес ќе дува на моменти и со 70 км на час.