Временска прогноза до крајот на месецот- не очекува промена на времето

ИЗВОРСкопје24
|

Остануваат уште 11 дена до крајот на месецот, а според прогнозата на Accu Weather нема да имаме многу сончеви денови до крајот на месецов.

Како што можеме да забележиме, уште во четврток и петок се очекуваат врнежи и грмежи. Метеоролозите најавија променливо време до крајот на јуни.

Доколку денеска треба да излезете од дома, или пак сте на работа задолжително со себе понесете чадор, бидејќи според метеоролозите не очекува променливо облачно и нестабилно време, попладне на повеќе места во државата се очекува да има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во источните делови од земјата.

Утринските температури ќе се движат во интервал од 5 до 13 степени целзиусови. Потопли утра ќе има на југоистокот од Македонија. Исто така во овој дел од земјата според синоптичарите попладне се очекува дожд и грмотевици.