ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Какво време не очекува оваа недела

ИЗВОРСкопје24
|

Оваа работна недела ја започнуваме со сонце, но попладне со дожд и грмежи, посебно во северните и западните делови.

За овој понеделник според синоптичарите не очекува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Попладне, претежно во северните и западните делови, ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

УВ индексот ќе биде висок и ќе изнесува 9.

Дневните температури на воздухот ќе се движат од 25 до 38 степени целзиусови.

Во главниот град, Скопје се очекуав слично време, претпладне сонце и многу топло, а попладне со дожд и грмежи. Максимланите дневни температури ќе достигнат високи 32 степени.

Според управата за хидрометеоролошки работи во првите два дена од работната седмица се уште ќе биде топло, но во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во северните и западните делови каде ќе има и опаѓање на дневната температура.

Под влијание на влажна, посвежа и нестабилна воздушна маса во среда ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, а пообилни врнежи се очекуваат кон крајот на денот.

Ќе дува засилен западен, а доцна попладне северозападен ветер, што ќе услови значително намалување на температурата.

Од четврток времето ќе биде стабилно, но посвежо.