Временска прогноза: Она што не очекува за новогодишната ноќ сите ќе ги израдува

ИЗВОРСкопје24
|

Најавите за денеска се сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус девет до нула, а дневната од еден до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе достигне до шест степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со слаб до умерен северозападен ветер. Од петок ќе се зголемат условите за појава на магла по котлините. Во недела и понеделник се очекува зголемена облачност со локални врнежи претежно од снег.

Прогнозите според метеоролозите во Македонија предвидуваат дека првите месеци во 2019 година, јануари и февруари според температурите ќе бидат во границите на нормалата или малку над нив, но затоа пак ќе има повеќе врнежи од обично.

Поради тоа како што најавуваат тие низ целиот Балкан можно е да се појават поинтензивни снежни врнежи кои би наликувале на вистинска снежна зимска бура.

Бидејќи се работи за подолг период од два месеци секако дека не се исклучува можноста од појава и на потопли денови и секако врнежи од дожд, но и продор на екстремно студени воздушни маси од Арктикот кои би условиле екстремно ниски температури на целиот Балкан, со тоа секако и во Македонија.