Сончево со мала до умерена локална облачност ќе биде времето во текот на денешниот ден. Попладне и кон крајот на денот во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од11 до 19, а максималната од 26 до 34 степени.
Во Скопје сончево со мала облачност и со умерен северен ветер. Температурите од 16 до 30 степени. Од сабота следува период на стабилно време со постепен пораст на температурата.
Како што информира и метеорологот Славчо Попоски, под влијание на МНОГУ ПОСВЕЖА воздушна маса која продира од север и понатаму денеска ќе услови нов пад на температурите на воздухот и истите понекаде ќе се спуштат и под 10°C, односно минималните температури на воздухот утринав ќе се спуштат во интервалот од 9 до 18 степени во најтоплите предели од државава. Со ова температурите ќе бидат под просекот за овој дел од годината односно ќе бидат пониски од нормалните.
Ќе продолжи да дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец и тоа особено долж повардарието, а времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, локално и подолги додека и понатаму се очекува локална појава на пороен дожд и грмежи.
НАПОМЕНА: Оваа нагла и голема промена на времето ќе влијае МНОГУ ЛОШО, особено врз метеопатите, кај кои се можни и поголеми здравствени проблеми.