Претежно нестабилно време за оваа сабота најавуваат синоптичарите.
Според УМХР најмногу на удар од пороен дожд и грмежи ќе биде источниот регион каде невремето ќе биде поинтензивно.
Облачно и нестабилно ќе биде и во главниот град.
Ширум државата температурите ќе достигнат до 25 степени максимум, додека во Скопје максималната дневна ќе биде 24 степени.
Првиот ден од Велигден пак метеоролозите велат дека ќе биде сончево .
Од понеделник ќе има благ пад на дневните температури а од вторник се најавуваат и нови врнежи.
СОСТОЈБА НА ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ ЗА 27.04.2019
Богородица / излез од Р.М. : време на чекање минимално
Дојран / излез од Р.М. : време на чекање минимално
Табановце / излез од Р.М. : време на чекање минимално
Меџитлија / излез од Р.М. : време на чекање минимално
Деве Баир / излез од Р.М. : време на чекање минимално
Ќафасан / излез од Р.М. : време на чекање минимално
Делчево / излез од Р.М. : време на чекање минимално
Ново Село / излез од Р.М. : време на чекање минимално l
Блаце / излез од Р.М. : време на чекање минимално