Времето денес – Сончево и потопло со мала локална облачност и со слаб југозападен ветер

|

Времето ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната од 18 до 25 степени.

Во Скопје, сончево и потопло со мала локална облачност и со слаб претежно југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 22 степени.

Во следните два дена времето ќе биде претежно сончево и значително потопло. Под влијание на постудена воздушна маса од ноќта кон недела ќе се зголеми облачноста. Потоа преку денот ќе започнат врнежи од дожд, повремено поројни проследени со засилен северен ветер и појава на грмежи, а температурите ќе бидат пониски за 6 до 9 степени во однос на претходниот ден