Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локана облачност и со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Локално особено во југозападниот дел од земјава ќе има услови налокален дожд со ретки грмежи. Максималаната температура ќе достигне од 18 до 24 степени.
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. На повеќе места ќе има услови за краткотрајна појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Во четврток не очекува сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне во западните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Додека во петок времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Во сабота пред Велигден времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме.
Метеорологот Славчо Попоски исто така информира дека има огромно количество на прашина и песок низ воздухот, нечист дожд и многу мачнини кај граѓаните. Тоа годонесе силното југозападно и јужно воздушно струење кое ја зафати нашата територија но и најголем дел од Европскиот Континент. Огромниот транспорт на прашина и на песок ќе се задржи и следните денови но дури со уште поголем интензитет.
Во текот на следните денови особено метеопатите уште ќе осеќаат поизразени здравствени проблеми па затоа ги советуваме да земат совет од својот лекар. Исто така атмосферата и понатаму ќе биде многу заматена.