Времето денес сончево со мала умерена облачност

ИЗВОРНов Лист
|

Времето денес: Сончево со мала до умерена облачност, претпладне вдолж Повардарието со појава на магла или значителна ниска облачност. Попладне облачноста од запад ќе се зголемува и ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје претпладне со значителна ниска облачност, преку денот со сончеви периоди, а до крајот на денот повторно значително облачно. Температурата ќе достигне 12 степени.

Облачно со пообилни врнежи од дожд, на места поројни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, особено вдолж Повардарието и во источните делови.