Времето денеска: Облачно и нестабилно, попладне најавено невреме

|

Утринските теператури во земјавата денеска над нулата. Во Берово, Струмица и Маврови Анови во 8:30 часот се измерени 3 степени, 5 во Крива Паланка и Пожаране, 6 Kрушево, 7 Прилеп, 8 Гевгелија, Скопје – Петровец, Дојран 9 Охрид, Претор, Скопје – Зајчев Рид, Куманово, 10 Битола, Виница, 11 Дебар, Демир Капија.

Во изминатите 24 часа до 8 часот наврнат воден талог има во Маврово 3 л/м2, 2 во Пожаране и 1 Попова Шапка.

Утринава е претежно облачно насекаде со слаб до умерен, а на места засилен ветер претежно од јужен правец. Во Штип утринава ветерот достигнуваше брзина до 65, а во Битола до 40 км/ч.

Времето денеска променливо облачно и нестабилно, од пладневните часови на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер кој претпладне ќе засилува вдолж Повардарието, а од пладне и во западните делови каде што ќе биде западен. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.