Времето денеска: Студено со врнежи од снег

|

Претежно облачно и студено, главно во западните и јужните делови со повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринските температури ќе се движат од -7 до 1 степен, а дневните до пет степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Во делови од котлината ќе провејува слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 5 степени.

Времето утре ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и постудено време со слаб до умерен ветер од северен правец. Повеќе сончеви периоди ќе има во четврток. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни, а дневните од четврток ќе бидат во благ пораст.