ВРЕМЕТО МНОГУ ЛОШО ВЛИЈАЕ ВРЗ ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО: ВЕЧЕРВА ЛАДЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ – ЗА ВИКЕНДОТ ВИСТИНСКО ЛЕТО

ИЗВОРНов Лист
|

Биометеото поради многу променливото време е доста неповолно, со што кај метеопатите се можни значителни здравствени проблеми (појава на нервоза, неразположение и главоболка).

Инаку до крајот на денов и во текот на ноќта над нашата држава ќе поминува облачна воздушна маса која е поврзана со студената воздушна маса која се спушта од север и истата ќе услови засилен северен ветер, особено Долж Повардарието каде повремено ќе достигнува брзина до околу 70 км/час.

На повеќе места ќе има и повремени врнежи од дожд со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет па така локално ќе наврнат и над 10 л/м2 воден талог.

Поради падот на температурите на воздухот и заладувањето, на планинските места со надморска височина од над 2000 метри и тоа особено во северозападниот дел ќе има врнежи од СНЕГ. До утре изутрина минималните температури ќе бидат доста ниски за овој дел од годината и ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 12 степени, додека на највисоките планински места истите ќе се спуштаат и под нулата.

Утре ќе се задржи променливо и СВЕЖО време со умерен до засилен северен ветер и со услови за слаб локален дожд, додека максималните температури ќе се движат во интервалот од 15 до 23 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 25 степени.

ГОЛЕМ пораст на максималните температури на воздухот и тоа под влијание на МНОГУ потопла воздушна маса која ќе продре од северните предели на Африка кон нашите краишта ќе имаме за време на викендот и во почетокот од следната недела. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево а температурите ќе се движат во интервалот од 25 до 32 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.