Времето се менува, следува уште поголемо невреме – Синоптичарите излегоа со прогноза за тоа што ќе се случува од недела

ИЗВОРСкопје24
|

Од недела нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност, која ќе предизвика нестабилно време со пообилни врнежи од дожд и појава на грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Инаку, времето денеска е променливо облачно со услови за слаб локален дожд, а на повисоките планини ќе провејува снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието и во источните делови, каде на места ќе достигнува брзина над 70 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18 степени.

Утре изутрина ќе биде студено, на места со негативни температури, а преку денот сончево и потопло.

Во наредните два дена ќе има локални врнежи од дожд со ретки грмежи, а во сабота ќе настапи преодно стабилизирање со повисоки дневни температури.